Altwork – фотелја програмирана со над 40 “продуктивни позиции“

88

altwork

Altwork фотелјата има за цел да ја поттикне креативноста и продуктивноста кај оние луѓе чија професија подразбира долги часови поминати пред компјутер. Прототипот на оваа фотелја нуди 40 позиционирања, од стоечка до лежечка позиција, што ја поттикнуваат продуктивноста, пишува Psfk.com.

altwork 2

Целта на altwork е да го редефинира начинот на седење и работа пред компјутер во канцеларија, давајќи поголема поддршка на продуктивноста, удобноста и здравјето на вработените.

altwork 3

Кога altwork ја зазема лежечката позиција, корисникот не мора да се грижи за екранот, тастатурата и глувчето, бидејќи магнетната табла ги чува на потребното место.

altwork 1

Овој вид на фотелји се очекува да се најдат на пазарот кон крајот на следната година. Нивната цена ќе биде од 3.900 до 4.900 долари.