Алжир сака во БРИКС -поднесоа официјално барање

105

Властите на Алжир поднеле официјално барање за придружување на групата БРИКС. Оваа информација ја соопшти специјалната претставничка за меѓународно партнерство на алжирското министерство за надворешни работи.

Алжир поднесе официјална пријава за придружување на групата БРИКС“, кажа Лејла Зеруги.

На крајот на јули претседателот на Алжир Абделмаџид Тебун кажа дека земјата е заинтересирана за влегување во БРИКС. Тој истакна дека Алжир ги исполнува речиси сите услови за влегување во таа група.

Тебун истакна и дека придружувањето во БРИКС би му овозможило на Алжир да избегне учество во „биполарните судири“.