Amazon сака да го прошири својот тим со експерти за блокчеин и дигитални валути. Тоа би значело дека компанијата многу посериозно ги прифаќа криптовалутите, пренесува CNBC.
Според огласот, Amazon има потреба од “искусен лидер за дигитални валути и блокчеин стратегија“.
“Инспирирани сме од иновациите во криптовалутите и истражуваме што сè може да се вклопи во Amazon. Верува дека иднината ќе се гради на нови технологии што овозможуваат брзо и евтини плаќања, а се надевам дека тоа во иднина ќе им го овозможиме и на клиентите на Аmazon“, наведуваат од компанијата.
Дигиталните валути станаа особено популарни во изминатиот период, што доведе и до нивно прифаќање од различни компании.
Фото: Pexels