Amazon доби дозвола да испорачува пратки со дронови

31

Американската федерална управа (Federal Aviation Administration – FAA) му даде одобрение на Amazon да управува со флота на достапни дронови од Prime Air. Станува збор за сосема поинаков и различен начин на достава на производи досега, пренесува Information Technology & Innovation Foundation.

Amazon почна со тестирање на дронови во 2013 година, а минатиот август доби одобрение од FAA за користење дронови за испорака на полесни пратки, како дел од стратегијата на Amazon за достава на пратки за помалку од половина час.

Инаку, Amazon е трета компанија што доби сертификат за испорака на пратки со дронови, по Wing Aviation, што е подружница на Alphabet, и UPS, но досега не ги искористиле неговите придобивки.

Фото: Freepik