Амазон го претстави Fire Phone – конкурент на Apple и Самсунг

25

fire phone amazon

Компанијата Амазон го лансираше својот прв паметен телефон, Fire Phone, со кој се надева дека ќе биде вистински конкурент на уредите на Apple и Самсунг. Fire Phone нуди можност за 3D приказ и динамична перспектива благодарение на тоа што се вградени четири камери за face – tracking. Перспективата на приказот се менува како корисникот се поместува, а уредот ја следи позицијата на неговите очи и уста дури и во мрак, бидејќи има вградено инфрацрвени LED сијалички.

Според Џеф Безос, шеф на Амазон, овој иновативен телефон им овозможува на корисниците лесно да ја менуваат перспективата, што ќе им биде од корист на голем број лица што ќе го користат овој паметен телефон.

Некои експерти, пак, не се импресионирани од овој нов паметен телефон.

“Видовме слични можности за контрола кај Galaxy и корисниците не ги користат често“, вели Франциско Џеронимо, аналитичар во компанијата за истражување на пазарот IDC.

Другата иновација на телефонот со која Амазон е посебно горд е тоа што уредот има таканаречен gumb преку кој се активира Firefly, апликација што препознава текст, слика и звуци во непосредна близина на паметниот телефон. Таа апликација може да се користи за да се зачуваат одредени податоци од нешто што го привлекло вниманието на корисникот – песна, слика, книга. Постои и таква опиција доколку има таков или сличен производ веднаш да се порача од интернет продавниците на Амазон. На тој начин, Амазон освен можностите за зголемена заработка ќе може да обезбеди дополните информации за клиентите, бидејќи апликацијата е поврзана со серверите на Амазон.

Основната верзија на Fire Phone, со 32 гигабајти, ќе биде достапна во САД за околу 200 долари со двегодишен договор со AT&T. Таа е и цената што AT&T ја наплаќа и за iPhone 5S со 16 гигабајти како и за Samsung Galaxy S5. Без договор телефонот би чинел 649 долари.

Експертите предупредуваат дека и покрај уникатноста Амазон мора да биде претпазлив бидејќи со проблеми се соочуваат и компаниите што веќе долго време се во таа дејност. Со таблетот Kindle се уште не го постигнаа посакуваниот успех, а дополнителен проблем со паметните телефони може да донесе софтверот на Амазон.

Во овој момент Амазон разви 240.000 апликации, но многумина оценуваат дека се само лоша верзија на популарните апликации од Google Play. Адутот на Амазон е во тоа што на купувачите им нудат и 12 месеци услуга Prime, што инаку чини 99 долари, што вклучува брза достава на купената стока.

Исто така, бројот на корисници на паметни телефони се повеќе расте и се приближува до две милијарди, па дури и да имаат мал дел од тој пазар, ќе постигат успех.