Amazon го презеде стартапот за роботика Canvas Technology

24

Фото: Amazon blog

Amazon го презеде стартапот Canvas Technology, што се занимава со развој на роботика за складирање, пишува TechCrunch.

“Ние сме инспирирани од иновацијата на Canvas Technology и споделуваме заеднича визија за иднината, во којашто луѓето работат заедно со роботитеза подобрување на безбедноста и на искуството на работното место. Со нетрпение ја очекуваме соработката со фантастичниот тим на Canvas Technology за да продолжиме со иновации за клиентите“, велат од компанијата.

Canvas Technology е основана 2015 година, а досега има развиен целосно автономен систем на колички за пренос на производи во магацин.