Amazon зазема уште поцврст став против Русија по нејзината инвазија на Украина. Компанијата објави дека ќе ја прекине испораката на производи во Русија и Белорусија, како и дека ќе го прекине пристапот до Prime Video во Русија. Покрај тоа, иако можеби е помалку влијателен, Amazon исто така нема да прифаќа повеќе нарачки за својот MMO New World во Русија.
„За разлика од некои други американски провајдери на технологија, Amazon и AWS немаат центри за податоци, инфраструктура или канцеларии во Русија, а ние имаме долгогодишна политика да не работиме со руската влада“, велат од компанијата.
Исто така, Amazon соопшти дека нема да прифати нови претплатници на AWS во Русија и Белорусија. Посилниот став на компанијата не е премногу изненадувачки, бидејќи многу други технолошки компании како Apple, Google и Microsoft исто така презедоа акции против Русија.
Иако руската индустрија за е-трговија доживеа експлозивен раст во последниве години, во неа претежно доминираат локални трговци на мало како Wildberries.ru и Ozon.ru, додека Amazon сè уште се натпреварува со нив.











