Amazon и Google под истрага поради лажни рецензии

47

Британското регулаторно тело за заштита на пазарна конкуренција отвори формална истрага против Amazon и Google поради загриженост дека технолошките гиганти не направиле доволно во борбата против лажни рецензии на нивните интернет страници.

Регулаторот сега ќе собере дополнителни информации за да се утврди дали овие компании го прекршиле законот за заштита на потрошувачи со тоа што не презеле доволно мерки за заштита на купувачите од лажни рецензии, пренесува Ројтерс.

Овој потег доаѓа по прелиминарлната истрага, отворена во мај минатата година, во текот на која “под лупа“ беа неколку платформи за идентификување и постапување со лажни прегледи.

“Загрижени сме поради тоа што милиони онлајн купувачи може да бидат заведени читајќи лажни критики и врз основа на тие препораки ги трошат сопствените пари“, смета Андреа Кошчели, извршен директор на регулаторното тело.

Фото: Pexels