
Амазон во понеделникот објави дека ќе инвестира повеќе од 1,2 милијарди евра во своите операции во Франција и ќе отвори повеќе од 3.000 постојани работни места во таа земја.
Француското претседателство објави дека Amazon и други компании, вклучувајќи ги GSK и Accenture, ќе објават инвестиции во вредност од милијарди евра како дел од годишниот настан „Избери Франција“ што започнува денеска.
Инвестицијата на Amazon Web Services (AWS) би ја зголемила облак инфраструктурата во областа Париз, што, пишува Ројтерс, дополнително ќе ги зголеми можностите за генеративна вештачка интелигенција и логистичка инфраструктура во регионот Оверњ-Рона-Алпи.
Зголемената популарност на GenAI ја поттикна побарувачката за облак услуги, а Франција стана центар за вештачка интелигенција, со ветувачки стартапи како што се Mistral и Poolside.
Компании како Мета и Гугл веќе формираа истражувачки центри за вештачка интелигенција во земјата.











