Аmazon ja купи компанијата Selz

18

Amazon ја купи Selz, компанија која прави алатки со кои им помага на малите претприемачи да започнат свои онлајн продавници.

Amazon го направи ова тихо, уште на 15 јануари, но не ја објави јавно оваа аквизиција, туку тоа на блог го објави Selz.

“Потпишавме договор да бидеме дел од Amazon и се радуваме на соработката со нив“, соопштија од компанијата.

Веста ја потврдија и во Amazon, но не дадоа детали од договорот.

Фото: Facebook