Amazon ја купува најголемата онлајн продавница на Блискиот Исток

49

amazon-logo_grey

Фото: Амазон

Компанијата за електронска трговија Amazon ја купува најголемата онлајн продавница на Souq.com, којашто привлекува над 45 милиони посети месечно, пишува CNBC. Финансиските детали за овој договор не се објавени, а купувањето на Souq.com претставува влез на американската компанија на пазарот на Блискиот Исток.

“Souq.com е пионер во електронската трговија на Блискиот Исток, создавајќи одлично шопинг искуство за клиентите. Заедно, ние ќе работиме напорно за да ја обезбедиме најдобрата можна услуга за милиони клиенти на овој пазар“, вели заменик претседателот на Amazon, Рас Грандинети.