Amazon ја отвори првата класична книжарница

20

Header_FINAL._V290047254_

Amazon минатата недела ја отвори својата прва класична книжарница во кампусот на Универзитетот во Сиетл.

Amazon Books е физичка екстензија на Amazon.com. Цените на книгите во книжаницата се исти со онлајн цените. Книжарницата е снабдена со околу 6.000 наслови, избрани според рецензиите, оцените на читателите, нивната популарност на страницата Goodreads. До секоја книга е истакнато што напишале рецензентите за неа на Amazon.com.

“Применивме 20 години искуство од интернет продажба на книги за да изградиме книжаница што ќе ги интегрира придобивките од офлајн и онлајн купување на книги. Во книжаницата има одлични книги. Повеќето од нив се рангирани со 4 и повеќе звезди и многу од нив се наградувани”, стои во соопштението.

Amazon Books е прва од низата книжарници што Amazon планира да ги отвори.