Amazon го отвори својот најголем кампус досега, а за седиште го одбра индискиот град Хајдерабад. Зданието има површина од 167.000 метри квадратни и може да смести 15.000 вработени.
Тоа е речиси една четвртина од вкупниот број на вработени со полно работно време во продажниот гигант во Индија, којшто изнесува 62.000, пишува CNN. Компанијата исто така има 155.000 вработени со договор на дело што ја прави Индија најголемата база на Amazon надвор од САД.
Канцеларијата во Хајдербад ќе биде првиот објект надвор од САД во целосна сопственост на компанијата. Индија има повеќе од 600 милиони интернет корисници, но поголемиот дел од популацијата се уште нема интернет пристап.
Продажниот гигант прв пат влезе на индискиот пазар токму во овој град пред 15 години.
Фото:Facebook