Amazon ја зголеми продажбата и ги надмина очекувањата

22

Амазон оствари приход од 149,2 милијарди долари во последниот квартал од минатата година, надминувајќи ги сопствените прогнози и очекувањата на пазарот. Нето добивката падна на 278 милиони долари од 14,3 милијарди долари во последниот квартал од 2021 година.

За целата 2022 година, Амазон забележа нето загуба од 2,7 милијарди долари, а за 2021 година нето добивка од 33,4 милијарди долари. Приходите се зголемени за девет отсто на 514 милијарди долари од 2021 година.

Kомпанијата на почетокот на јануари најави дека ќе бидат укинати 18.000 работни места. Амазон има 1,54 милиони вработени со полно работно време ширум светот.