Amazon казнет со 746 милиони евра од ЕУ

79

Европската унија го казни Amazon со 746 милиони евра поради процесирање на лични податоци односно кршење на Општите уредби за заштита на податоци, соопшти американскиот технолошки гигант.

Националниот совет за заштита на податоци во Луксембург го казни Amazon Europe Core со одлука од 16-ти јули.

Од Amazon бараат согласност од луѓето пред да ги користат нивните лични податоци или ќе бидат казнети со високи парични казни.

Компанијата би можела да биде казнета со повеќе од 425 милиони долари според законот на Европската унија за приватност, повикувајќи се на извори запознаени со спорот.

Фото: Pexels