Amazon ќе биде партнер со британските тајни служби

28

Британските разузнавачки служби потпишаа договор за соработка со технолошкиот гигант Amazon, јавуваат светските медиуми.

Компанијата, основана од Џеф Безос, ќе биде “домаќин“ (хостинг) на доверливи информации за подобрување на употребата на анализа на податоци и вештачка интелигенција во шпионажата.

Одделот за облак на Amazon, „Amazon Web Services“ (AWS), ќе одржува систем за трансакции со висока безбедност, вреден помеѓу 500 милиони и 1 милијарда фунти во следните 10 години.

Соработката на компанијата ги опфаќа МИ-5 и МИ-6.

Квалификуваните информации ќе се чуваат во Британија, што ќе им овозможи на британските шпиони претставени во популарната култура на Џејмс Бонд полесно да споделуваат податоци од мисии во странство.

Користењето на вештачката интелигенција ќе ги поедностави задачите како што се наоѓање на глас на дадена личност, како и преведување на нивните зборови.

Соработката може да предизвика загриженост за суверенитетот на услугите, бидејќи во пракса американска приватна технолошка компанија ќе биде „домаќин“ на купишта најтајни британски податоци, велат експертите.

Всушност, британското разузнавање првично бараше снабдувач од Обединетото Кралство, но ниту една компанија немаше размери или можности како „Amazon“.

Американската компанија соработува со ЦИА од 2013 година.