Amazon ќе отвори повеќе трговски центри

39

Компанијата Amazon планира да отвори повеќе трговски центри, пренесува американскиот весник The Wall Street Journal. Со овој потег, компанијата на најбогатиот човек во светот сака да ја зголеми својата автентичност во американската физичка малопродажба.

Во продавниците ќе продаваат производи за домаќинство, електроника и облека објави весникот, додавајќи дека некои од првите продавници ќе бидат отворени во Калифорнија и Охајо.

Центрите ќе бидат со големина од околу 2.800 квадратни метри и со тоа значително помали од традиционалните трговски центри, но поголеми од повеќето физички продавници во мрежата на Аmazon, која вклучува книжарници и помали продавници. Аналитичарите посочија бројни стратешки причини за поголем влез на Амазон во физичка малопродажба, вклучително и желба да се зголеми продажбата на облека, мебел и други линии на производи. Во исто време, тие го гледаат овој потег како признание дека иднината на малопродажбата е повеќеканална, а не првенствено преку Интернет.