Амазон ќе прифаќа крипто?

12

Компанијата за управување на И.Т услугите на Амазон размислува да воведе криптовалути за своите клиенти.

Според огласот за работа, канцеларијата на „Amazon Web Services“ во Њујорк ангажира специјалист за финансиски услуги кој „го разбира целиот екосистем на криптовалути и дигитални средства“, со искуство во блокчејн технологијата.

Компанијата соопшти дека позицијата ќе работи со регулаторите, финансиските институции и операторите на пазарот на капитал за да истражат како тие би можеле да имаат корист од прифаќањето на дигитални средства.

Вработениот ќе ги охрабри високите извршни директори во големите глобални финансиски институции да го „трансформираат начинот на кој вршат трансакции со дигитални средства“, вклучувајќи криптовалути, дигитални валути на централната банка, стабилни монети, безбедносни токени, токени поддржани со средства и незаменливи токени (NFT).

Дополнително, тие мора да имаат најмалку седумгодишно искуство во развојот на бизнисот со финансиски услуги „со изложеност на дистрибуиран „леџер“ (јавна книга за криптовалути, односно систем за водење евиденција. „Леџерот“ ги задржува идентитетите на учесниците анонимно, нивните соодветни салда на криптовалути и евиденција за сите вистински трансакции извршени помеѓу учесниците во мрежата – н.з.) или блокчејн технологија“.

„Амазон“ веќе објави можности за работа кои бараат искуство во просторот за дигитални средства. Во февруари, онлајн трговецот на мало рече дека бара менаџер за развој на софтвер во Мексико за да помогне во лансирањето на „нов производ за плаќање“ чија цел е да им овозможи на жителите да купуваат криптовалути за да можат да трошат дигитална валута додека купуваат на Амазон.

Портпаролот на Амазон негираше дека компанијата поддржува плаќања со криптовалути, вклучително и Биткоин на нејзината платформа, во извештајот од јули. Сепак, тие рекоа дека трговецот на мало е „фокусиран на истражување“ на можноста за прифаќање криптовалути.