Џеф Безос е најбогатиот човек во светот, благодарение на Amazon, компанија за продажба преку интернет. Сепак, експертот за малопродажба Даг Стивенс предвидува дека гигантот во наредната деценија може да “падне“, дури и да банкротира.
На својата корпоративна страница Business od Fashion, основачот на компанијата Retail Prophet’s и советник на некои од најценетите светски брендови предвидува крај за Amazon, пренесува Entrepreneur.
Мислам дека во наредните 10 години години Amazon ќе падне, а ова се некои од причините, напиша Стивенс.
Amazon ги следи чекорите на Walmart
Една од причините за можен банкрот на платформата за онлајн трговија би била тоа што ги следи истите модели како и другите компании.
“Помеѓу 1962 година и раните 2000 -ти, Walmart водеше во малопродажба, победувајќи десетици големи и мали конкуренти. До 2010 година, Walmart отвори неверојатни 4.393 продавници, од кои над 3.000 беа отворени од 1990 година”, објаснува експертот.
Тој додава дека откако претрпе голем пад на продажбата во 2015 година, Walmart не успеа да започне да се занимава со трговија на мало преку интернет. Падот на гигантот покажа дека дури и повеќето такви големи компании можат да паднат.
Фото: Twitter/Print screen