Амазон нема да користи криптовалути

70

Извршниот директор на Amazon, Енди Џеси, рече дека овој гигант за е-трговија нема да додаде криптовалути како опција за плаќања на мало во блиска иднина.

Во интервју за CNBC, Џеси рече дека би било можно да се продаваат крипто NFT средства на платформата „Амазон“ и очекува раст на трговијата во оваа дигитална форма.

Џеси рече дека криптовалутите ќе станат позначајни на долг рок, но додаде дека тој лично не поседува ниеден биткоин.

Сè повеќе компании почнуваат да ги прифаќаат виртуелните валути како средство за плаќање и воведуваат дигитални валути кои сè уште не се поддржани од големи финансиски институции.