Aмазон отвори продавница без каси и продавачи

21

amazon1

Амазон, платформата за онлајн трговија, отвори револуционерна продавница во Сиетл без каси и продавачи, каде купувачите може да ги земат потребните продукти и да излезат.

Со помош на апликацијата Amazon Go, предметите што ги зема купувачот од продавницата се детектираат преку посебни скенери на излезот, а сметката се наплаќа подоцна од неговата сметка на Amazon.

amazon

Предноста на оваа продавница е тоа што нема чекање на касите и гужва, а Amazon ќе може да следи што ги интересира потрошувачите. Скенерите се поставени да го следат потрошувачот и бележат што земал и повторно вратил на полиците.

Оваа продавница засега е отворена само за вработените во Амазон, а официјалното отворање е најавено на почетокот на 2017 година.