Фото: Pixabay
Американскиот гигант за онлајн трговија Amazon, патентираше дисплеј со мешана реалност, којшто поставува слика на корисникот во виртуелна сцена, односно креира негова виртуелна верзија во различни парчиња облека, пишува Geek Wire.
Дисплејот, којшто е еден вид на виртуелно огледало, работи врз база на систем од камери, проектори, екрани, огледала и светла што можат да додаваат слоеви од пиксели на слика во движење во реално време. Пренесената слика може да прикаже виртуелна сцена од плажа, или подиум за танц во Историско -индустриски музеј во Сиетл.
Сликата ќе биде обработена од “огледалото“ за да го стави корисникот во виртуелната сцена и да го облече со виртуелни алишта. Сензорите за следење на лице и софистицираниот софтвер ќе го прилагодат дисплејот за корисникот да може да види реална слика од себе си од било кој агол.
Amazon како и со останатите патенти така и со овој се воздржува од дополнителни коментари сè додека истиот не стане реален производ.