Амазон паузира со вработувања- оваа политика се очекува компанијата да ја задржи со месеци

50

Амазон прави пауза од вработувањата и очекува да ја задржи таа политика со месеци, што е најнов знак дека дури и најголемите технолошки компании ги преиспитуваат политиките за персонал во неизвесна економска клима.

Гигантот за е-трговија одлучи да воведе „пауза на ново, фазно вработување низ нашата корпоративна работна сила“, рече Бет Галети,  потпретседателка за искуство и технологија на Amazon, во меморандум до вработените оваа недела.

Писмото беше споделено и на веб-страницата на Амазон во четвртокот.

„Веќе го направивме ова во неколку наши компании во последните недели и додадовме други компании на овој пристап. Очекуваме да ја задржиме оваа пауза во следните неколку месеци и ќе продолжиме да ја следиме состојбата на економијата и бизнисот за да се прилагодиме“, напиша Галети.

Како што наведе таа, Амазон ќе продолжи да вработува таму каде што постоечките работници ги напуштаат своите работни места и дека има „некои позиции каде што ќе продолжиме постепено да вработуваме луѓе“.

Според Си-Ен-Ен, Амазон го доживеа својот деловен бум за време на пандемијата, бидејќи сè повеќе клиенти се свртеа кон купување преку Интернет. Сепак, како што се олеснија ограничувањата за пандемијата, Амазон мораше да се соочи со двојните предизвици на повеќе луѓе кои се враќаат на лично купување од една страна, и лошата економска перспектива што тежи на побарувачката на потрошувачите од друга страна.

Кон крајот на минатата недела, Амазон прогнозираше дека приходите за празничниот квартал ќе бидат помали од очекувањата на аналитичарите, со што нејзините акции значително се пониски. Акциите на Амазон паднаа за повеќе од 45% оваа година.