Амазон планира да отвори повеќе магацини во Европа

70

Амазон планира да отвори нови магацини и да вработи повеќе работници во Европа и во исто време да вклучи вештачка интелигенција во својата работа за да биде поефикасна, изјави шефот на одделот за Северна Америка и Европа.
Од 2010 година, Амазон инвестираше 142 милијарди евра во Европа, а во последниве години доби поттик со заклучувањето, кое го поттикна купувањето преку Интернет.

Компанијата ќе отвори повеќе од 70 центри за испорака во Европа, изјави во вторникот потпретседателот на Глобалниот бизнис за Северна Америка и Европа Стефано Перего, одбивајќи да го прецизира точниот број и локацијата на новите складишта, пренесе Хина.