Amazon против eBay и Facebook

41

online-sales-taxАмериканскиот Сенат би можел следниот месец да го усвои новиот данок на онлајн трговија од кој се очекува годишно да се соберат 23 милијарди долари.

Предлог законот има огромна поддршка од повеќето пратеници и претседателот Барак Обама, здруженијата на ланците за малопродажба и големи компании како што се Amazon и WalMart. Но, од друга страна, на данокот се противат еднакво моќни компании како што се eBay, Facebook, Expedia, кои ги поддржуваат Републиканците.

Данокот би го плаќале купувачите кои од една држава онлајн купуваат во други американски држави. Во некои држави данокот би можел да достигне и до 10% од вредноста на купената стока онлајн, а според предвидувањата на аналитичарите, новиот данок најмногу ќе ги погоди помалите трговци.