Компанијата Amazon развива терминали за плаќање во малопродажба коишто, наместо кредитни картички или други системи за безготовинско плаќање, ќе ја читаат дланката на корисникот при трансакција.
Wall Street Journal наведува дека технолошкиот гигант својот систем којшто го поврзува отпечатокот на дланката на корисникот со неговата сметка веќе се нуди на кафетерии, ресторани за брза храна и други компании кои имаат постојани клиенти.
Една од подружниците на Amazon во Индија кон крајот на минатата година поднесе барање за патент којшто би идентификувал биометриски карактеристики на дланките.
Фото: Youtube