Amazon scout – електричен робот за достава на Amazon

52

Фото: Youtube

Гигантот за онлајн продажба, Amazon, го претстави Amazon Scout, електричен робот што ќе врши достава на производи до домовите на оние кои нарачале некаков производ.

Amazon Scout во овој момент ја минува тест фазата за автономна испорака во американската држава Вашингтон. Флотата од шест електрични роботи, на почетокот ќе ја следат вработени во Amazon. Но, подоцна се очекува роботот самостојно да ги испорача нарачаните производи.

Овие роботи немаат голема автономија на поголема оддалеченост, па најверојатно ќе служат за таканаречена last mile (последен километар) достава. За разлика од дроновите, тие нема да можат пакетите да ги остават во дворот или пред вратата на корисникот.