Amazon со нова услуга: Испорака во гаражата на корисникот

21

Фото: Pixabay

Најголемиот ланец за онлајн продажба, Amazon, развива нова услуга со којашто испораката на бараните производи ќе биде до гаражата на корисникот, пишува The Verge.

Според Рохит Шриватава, главен шеф на Amazon, идејата предизвикала одредени “предизвици“ и “емоционални грижи“, но компанијата се обидува да ја развие услугата за испорака што ќе овозможи “непознати лица“ да влезат во гаражата на корисникот.

За да може да се користи оваа услуга, неопходен е “клуч“ којшто испорачателот ќе го има со себе за да ја отвори гаражата на корисникот. Услугата е достапна за таканаречените Amazon prime испораки, преку којашто корисникот ќе може да ја набљудува својата гаража преку камера и да добие известувања кога ќе биде завршена испораката.

Овој начин на испорака би бил соодветен за големи пратки, а за нејзино користење корисникот ќе треба да плати соодветен износ.