„Амазон“ со тужби во Европа против продавачи на лажни рецензии

54

Американскиот гигант за онлајн трговија „Амазон” во Европа ги поднесе првите кривична пријава и тужба поради лажни рецензии на производи што поединци и групи на социјалните мрежи ги претворија во профитабилен бизнис.

„Амазон” поднесе кривична пријава во Италија и тужба во Шпанија за да стави крај на продавачите на лажни рецензии.

Негова мета се поединци кои управуваат со над 11 илјади интернет страници и групи на социјалните мрежи, што оркестрираат пишување лажни рецензии на „Амазон” и на други продавници, во замена за пари или бесплатни производи.

Во Италија, гигантот поднесе кривична пријава против успешен продавач на лажни рецензии, кој, наводно, изградил мрежа од поединци подготвени да купат производи на „Амазон” и да објават рецензија со пет ѕвездички, во замена за целосно рефундирање.

Доколку тој биде прогласен за виновен, судот може да му определи затворска и парична казна.