Одделот за “облак“ услуги за складирање податоци на Аmazon ќе гради ново виртуелно подрачје во Нов Зеланд. Ова го соопшти министерот за дигитална економија и комуникации на оваа земја – Дејвид Кларк.
“Аmazon е втората најголема технолошка компанија во светот и, сега, вложува во создавање “облак“ на Нов Зеланд. Ова ќе поттикне раст на националниот дигитален сектор и натамошно закрепнување на економијата на земјата по пандемијата на Ковид-19. Вкупната инвестиција на Аmazon ќе биде околу 7,5 милијарди новозеландски долари (околу 5,2 милијарди американски долари), што покажува високо ниво на доверба од меѓународната бизнис-заедница“, се вели во соопштението на Кларк, објавено на интернет-страната на Министерството.
Тој, исто така, истакна дека изградбата на нови центри за складирање податоци ќе создаде и нови работни места за тамошното население.
“Технологиите за облак ќе играат важна улога во развојот на дигиталната економија на Нов Зеланд и проширувањето на дигиталните јавни услуги“, вели тој.