Амазон воведува алатка со вештачка интелигенција која го избира најдобриот производ за своите клиенти

Најновата алатка за вештачка интелигенција на најголемиот светски онлајн малопродажен гигант, Амазон, ветува дека ќе им ги олесни одлуките за купување на клиентите со избирање на „најдобриот“ производ за своите корисници.

Амазон, како што објави американскиот портал Аксиос, веќе е важен играч во генеративната вештачка интелигенција, главно преку својот облачен бизнис, но новата функција „Помогни ми да одлучам“ е обид да ја доближи оваа технологија директно до клиентите.

Потегот на Амазон е дел од поширока трка меѓу големите трговци на мало, технолошките и платежните гиганти за претворање на вештачката интелигенција од „асистент за пребарување“ во вистински асистент за купување.