Amazon започна голем проект за вселенски интернет

69

Amazon во вторникот објави дека потпишал договор за распоредување на повеќе сателити во ниска орбита околу Земјата за да обезбеди интернет услуги, пренесе АФП.

Компанијата рече дека нејзините договори со Arianespace, Blue Origin и United Launch Alliance (ULA) се најголемите комерцијални нарачки за ракети-носачи во историјата.

Вкупните трошоци и време за реализација на проектот Kuiper не се откриени.

„Имаме уште долг пат да одиме, но тимот продолжува да постигнува чекор по чекор во секој аспект на нашиот сателитски систем“, рече постариот потпретседател на Amazon, Дејв Лимп во изјавата.

„Проектот Kuiper ќе обезбеди брз, достапен широкопојасен пристап до десетици милиони клиенти во области со недоволна интернет покриеност“, додаде тој.

Американскиот милијардер Илон Маск, раководител на вселенската компанија SpaceX, веќе лансираше повеќе од 1.500 сателити во орбитата за да создаде мрежа за Интернет услуги – Starlink.

На крајот на минатата година во трката за вселенски интернет се вклучи и Boeing, кој доби дозвола од САД за сателити кои ќе обезбедуваат интернет услуги.

Проектот Kuiper има за цел да обезбеди брз широкопојасен интернет сервис за домаќинствата, училиштата, болниците, бизнисите, операциите за помош при катастрофи и други на места без доверливо поврзување, соопшти Amazon.