Амбициозен проект на Hyper Chariot: Од Лондон до Единбург со воз за осум минути

49

voz

Фото: Hyper Chariot

Компанијата Hyper Chariot објави амбициозен проект за изградба на транспортен систем којшто на луѓето ќе им овозможи од Лондон до Единбург да стигнат за осум минути, пишува Independent. Денес тој пат со воз трае околу пет часа, а со авион час и половина.

Според првичните информации од компанијата, возот за една минута ќе развие брзина од 1.600 километри на час, а максималната брзина на возот ќе изнесува 6.437 километри на час. Возот ќе користи соларна енергија од панелите коишто треба да бидат монтирани на надворешната страна на тунелите.

Планирано е мрежата да биде целосно оперативна до 2040 година, а првото тестирање да биде спроведено во 2021 година под името The Velocitator. Технологијата е слична како системот на транспорт Hyperloop, што ја развива Илон Маск. Возот ќе користи магнетна левитација и ќе се движи по магнетни шини, а поради удобноста на патниците, седиштата во капсулата ќе бидат поставени како во спортските автомобили. Секоја капсула ќе може да превезе пет лица, а поради краткото возење, во возот нема да има тоалет. Цената на превозот ќе изнесува околу 110 евра.

“Мрежата на Hyper Chariot ќе овозможи персонална мобилност без главоболки на корисниците на овој превоз за паркирање или метеж во сообраќајот. Исто така, нема да мора да чекаат во редици за да се качат на автобус, воз или авион“, вели основачот и извршен директор на Hyper Chariot, Ник Гарзили.