Амбициозна жена е посилна од маж

128

Една стара кинеска поговорка вели дека амбициозна жена е посилна од маж, што треба да покаже колку е важната волјата и силината што произлегуваат од нечија амбиција. Секој треба да има “мотор“ или амбиција што ќе го води во животот и низ сите предизвици што му стојат на патот, а за амбицијата рекле…

Интелигенција без амбиција е како птица без крила – Салвадор Дали.

Треба да знаете да поставите граници на сопствените амбиции, бидејќи лудост е да го сакате она што не можете да го имате – Пиндар.

Амбицијата ве тера да почнете, а навиката ве тера да одите понатаму – Џим Рајан.

Можете да убиете генерал на една војска, но не можете да ја убиете амбицијата на обичниот човек – Конфуциј.

Кој нема крила, користи лакти за да полета – Лоренс Питер.

Вообразеноста е разорна, а претераната амбиција ги има истите последици. Само тенка линија ги дели – Џек Велш.

Фото: Pexels