Американците ќе градат нуклеарна централа на Месечината

68

НАСА и Националната лабораторија во Ајдахо објавија збирка идеи за изградба на нуклеарна централа на Месечината, која би можела да стане извор на енергија независен од сонцето за изградба на станица погодна за живеење, јавува Асошиејтед прес.

Американците имаат намера да изградат ваква нуклеарна централа до крајот на 20-тите години на овој век, а собирањето идеи ќе заврши на 19 февруари 2022 година.

Водачот на лабораторискиот проект Себастијан Корбизеро нагласува дека сигурната и моќна енергија на површината на Месечината ќе биде значаен чекор напред во истражувањето на вселената од луѓето.

Според НАСА, одржливото присуство на човекот на Месечината ќе овозможи да се постави следната цел – Марс.

Се верува дека реакторот ќе биде создаден на Земјата, а потоа ќе биде транспортиран до Месечината. Системот ќе вклучува ураниумски реактор; систем кој ја претвора топлината во електрична енергија; систем за контрола на греење и дистрибутивен систем. Моќноста на централата не смее да биде помала од 40 киловати за десет години.

Станицата мора да се вклучува и исклучува без човечки напор и да биде пренослива. За последниот услов е наведено дека реакторот мора да се вклопи во параметрите на цилиндар со висина од четири метри и дијаметар од шест метри.

Претходно оваа недела, претставник на руската вселенска агенција Роскосмос изјави дека во 2022 година ќе започне проектирањето на руската орбитална станица, за чија изградба Роскосмос издвои средства.

Во април, вицепремиерот Јуриј Борисов рече дека Русија може да излезе од проектот на Меѓународната вселенска станица (МВС) до 2025 година.