Американците во паника повторно полудеа по тоалетна хартија

32

Во последните неколку денови, пред Денот на благодарноста, Американците повторно во паника ги празнат рафтовите во продавниците, пишува Ројтерс.

Меѓу производите што најмногу се трошат е тоалетната хартија. Walmart објави зголемена продажба на тоалетна хартија, како и на средства за чистење и дезинфекција, бидејќи повторно е голем бројот на заразени во САД.

Од крајот на минатата недела, 22 американски земји воведоа ограничувања со цел да се намали ширење на вирусот, што повторно предизвика паника кај луѓето.

Освен тоалетна хартија, Американците сè повеќе купуваат и влажни марамчиња, средства за дезинфекција и чистење на домот, бидејќи постојано расте бројот на заразени со коронавирусот.

Фото: Freepik