Американска компанија на вработените кои ќе се вакцинираат им плаќа по 1.000 долари

50

Една од најголемите инвестициони компании во САД, Vanguard, објави дека на своите вработени ќе им плати по 1.000 долари доколку се вакцинираат.

Вработените мора да докажат дека се вакцинирани до октомври, а парите им следуваат и на оние кои се вакцинирале и пред компанијата да ја најави наградата.

Американските компании имаат различен пристап за вакцинацијата бидејќи се зголемува бројот на заразени со делта сојот.

Многу компании, како што се Microsoft и Google наложуваат целиот персонал да биде вакциниран. Други пак, како што се Walmart и Uber побарале од управата, а не од вработените во “првите редови“ да се вакцинираат, додека Amazon и Apple немаат никакви правила досега кога станува збор за вакцинирање, пренесува ВВС.

Vanguard е компанија со 16.500 вработени, па затоа оттаму сметаат дека вакцинацијата е најдобар начин да се спречи ширење на вирусот и од таа причина ги охрабруваат вработените да се вакцинираат.

Во САД, во овој момент, има пораст на бројот на заразени, а Американскиот центар за контрола и превенција од болести објави дека маските повторно би требало да се носат во затворен простор, а тоа ќе важи за сите и за вакцинираните и за оние кои не се.

Фото: Pixabay