Американска купува британска интернет продавница за 1,63 милијарди долари

75

Американската интернет продавница Etsy соопшти дека ja купува британската веб продавница, Depop за 1,63 милијарди долари. Целта на преземањето е да привлече повеќе помлади купувачи.

Расте бројот на млади потрошувачи од таканаречената генерација З којашто се фокусира на половна облека бидејќи се еколошки освестени и знаат колку е штетно влијанието на текстилната индустрија врз животната средина. Etsy е насочена кон продажба на рачни изработи и старински производи, како и на потребни производи за изработка.

Се предвидува дека пазарот на користени производи расте по 39% од 2019-та до 2024-та година во САД, достигнувајќи вредност од 64 милијарди долари. Исто така, се очекува на глобално ниво да има двојно поголем пораст во однос на класичната мода.

Британски Depop e интернет продавница што им овозможува на луѓето да купуваат нова или користена облека. Нејзини корисници најчесто се помлади до 26 години е 10-та најпосетувана страница за купување меѓу младите во САД.

Фото: Pexels