Американска Verizon го купува Yahoo за околу пет милијарди долари

52

yahoo

Американската телекомуникациска компанија Verizon Communications го купува Yahoo за околу пет милијарди долари, пишува Reuters.

Трансакцијата се очекува да ја зајакне позицијата на Verizon околу AOL, којшто компанијата го купи за 4,4 милијарди долари. Овој договор, исто така, ќе значи крај на Yahoo како оперативна компанија, која што останува само со удел од 35,5% во Yahoo Japan и 15% удел во кинескиот гигант за онлајн трговија Alibaba.

Yahoo е основана во 1994 година од студентите Џери Јанг и Дејвид Фило од Универзитетот Стенфорд. На почетокот на своето постоење, Yahoo беше избор за многу интернет корисници,  но подоцна се соочи со голема конкуренција (на пример Google).