
Американскиот економски раст во третиот квартал побрз од првичната проценка
Во третиот квартал од оваа година американската економија оствари годишен раст од 5,2%, покажува друга проценка што ја објави Министерството за трговија. Според првичната проценка, растот е 4,9 отсто.
Во вториот квартал годишниот раст е 2,1 отсто.
Нагорната корекција во третиот квартал беше поддржана од јавната потрошувачка на федерално, државно и локално ниво, кои пораснаа за 5,5 отсто во третиот квартал.
Ревидиран е растот на потрошувачката од четири на 3,6 проценти.
Корпоративниот профит се зголеми за 4,3 отсто во третиот квартал, по 0,8 отсто во вториот.
Во извештајот, Министерството за трговија малку ја коригира и годишната стапка на базичната инфлација без цените на енергијата и храната, од 2,4 на 2,3 отсто.











