Американската Liberty Media ја купува Formula 1

5

f1

Американската компанија Liberty Media ја купува Formula 1 за 4,4 милијарди долари, пишува CNNMoney. Договорот се состои од два дела. Првата транша се однесува на купување 18,7% удел во Formula 1, а остатокот од 81,3% Liberty Media ќе ги стекне со одобрение на неколку регулатори. Liberty ќе го плати и долгот на F1, со што вкупната трансакција ќе чини осум милијарди долари.

Компанијата Liberty Media ја купува Formula 1 од компанијата CVC Partners, којашто го водеше овој спорт од 2005 година. Берни Еклестон ќе остане извршен директор на Formula 1.

Liberty е во сопственост на американскиот милијардер Џон Малоун.