Американската министерка за финансии: „Мислам дека згрешив…“

136

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека нејзините минатогодишни проценки за инфлацијата биле погрешни.

„Мислам дека тогаш згрешив во поглед наначинот на кој ќе се движи инфлацијата“, рече Јелен во интервју за Си-Ен-Ен на прашањето дали ја потценила заканата од инфлацијата во нејзините изјави минатата година.

Таа изјави дека „имаше непредвидени и големи потреси во економијата кои предизвикаа зголемување на цената на енергијата, храната и тесните грла во снабдувањето, што лошо се одрази на нашата економија, а што јас тогаш не ги разбирав целосно“.

Таа додаде дека негативните економски ефекти се движат од руската инвазија на Украина, која не можеше да се предвиди минатата година, до неодамнешното корона заклучување во Кина, пренесува Ројтерс.

„Ударите врз економијата продолжуваат, а инфлацијата е главната грижа на претседателот Џо Бајден. Тој силно верува и ја поддржува независноста на Федералните резерви во преземањето на сите неопходни чекори за намалување на инфлацијата“, рече Јелен.