Американската осигурителна компанија плаќа по 240 долари за 10.000 изодени чекори

27

pesacenje

Американската осигурителна компанија Oscar Health Insurance, реши парично да ги награди своите клиенти кои секојдневно ќе направат по неколку илјади чекори, пишува Ројтерс.

Целта на компанијата е да ги мотивира сопствените членови да преземат конкретни мерки за подобрување на нивното здравје. Oscar Health Insurance дебитираше минатата година во Њујорк, во рамки на здравствената програма на американскиот претседател Барак Обама, а веќе има над 17.000 членови.

Последните истражувања покажуват дека доколку луѓето дневно направат повеќе од 6.000 чекори, имаат предиспозиции за подобра здравствена состојба, па затоа Oscar Health Insurance го зголеми лимитот на 10.000 чекори. Оние членови на оваа осигурителна компанија што ќе ја исполнат целта ќе добијат годишни купони на подарок во вредност од 240 долари.

Бројот на чекори ќе се следи преку посебни уреди, кои собраните податоци ќе ги испраќаат до Oscar Health Insurance.

Компанијата неодамна понуди купони во вредност од 20 долари на сите осигуреници кои ќе примат вакцини против грип.