
Доларот нагло падна во однос на валутите кои се сметаат за побезбедни засолништа за капиталот во неизвесни времиња.
Така, курсот на доларот во однос на јенот утринава падна за 0,8 отсто, а во однос на швајцарскиот франк за 0,5 отсто.
Затоа индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,20 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,95 поени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1045 долари, додека вчера во ова време беше 1,0975 долари.
Фото: Pixabay