Американски аналитичар: Банкарската криза заврши

67

Аналитичарот на брокерската компанија Odeon, Дик Боу, оцени дека „банкарската криза е завршена“, по објавувањето на извештајот во кој се наведува дека најголемите приватни банки во САД ќе обезбедат дополнителни 30 милијарди долари ликвидност за стабилизирање на First Republic Bank.

Според Bloomberg, банките JP Morgan, Bank of America и Citigroup Bank ќе придонесат по пет милијарди долари во депозити, заедно со помали депозити од други институции, пренесува Bankar.me.

„Федералните резерви немаат пари да ја спасат банката, но самиот банкарски систем ги има тие пари и тие ќе ги искористат за да го спречат ова еднаш засекогаш“, рече Боу.

Фото: Pixabay