Американски DoorDash го презеде Wolt

52

Американската компанија за испорака на храна DoorDash најави дека ќе го купи фински Wolt со цел да го прошири својот бизнис во Европа во периодот на нормализирање на побарувачката по пандемискиот бум.

Побарувачката за услуги за испорака на храна силно зајакна во пандемијата на Ковид – 19, но треба да се стабилизира во наредните месеци, отворајќи го патот за консолидација во сектор, истакнува Ројтерс.

Doordash се договори да го купи Wolt во трансакција од седум милијарди евра, нудејќи им на акционерите на финската компанија свои акции. Вредноста на акциите на DoorDash кои ќе бидат издадени како дел од трансакцијата ќе биде 206,45 долари по акција, објавија двете компании.

Со оваа трансакција DoorDash ќе се прошири на 22 европски пазари, вклучувајќи ги Германија, Данска, Шведска, Хрватска и Србија.