Американски гигант сака да се врати во Русија

Американската компанија „ПепсиКо“, која формално ги прекина продажните и рекламните активности во Русија во 2022 година, се обидува да се врати на пазарот во земјата.

Според податоците од базата на податоци на Роспатент, на 30 април компанијата поднела барање за регистрација на брендот Рокстар, добро познат енергетски пијалок, за употреба во Русија.

„Во документацијата се наведува дека PepsiCo планира да продава вода, енергетски пијалоци и овошни сокови под овој бренд“, објавува РИА Новости.

Храната и закуските на PepsiCo под брендовите Lay’s и Cheetos продолжуваат да се произведуваат локално и да се продаваат преку руски субјекти.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна зборуваше за можноста за враќање на странски компании на рускиот пазар, под услов да бидат исполнети одредени услови, според „Комерсант“, а јави Танјуг.

Компанијата „ПепсиКо“, позната по брендови како што се „Пепси“, „Миринда“, „Лејс“ или „Доритос“, е една од најдолготрајните западни компании на рускиот пазар – присутна е од 1959 година, кога беше претставена на американската изложба во Москва.

Фото: Pixabay