Фото: Pixabay
Американската прехранбена компанија Kellogg планира да продаде дел од својот имот, вклучувајќи ги Keebler колачињата и Famous Amos, на групацијата Ferrero за 1,3 милијарди долари, пишува Reuters.
Овие производи на Kellogg, што наскоро ќе се најдат во портфолиото на производителот на кремот Nutella, минатата година забележаа нето продажба од 900 милиони долари.
Договорот меѓу Kellogg и Ferrero се очекува да биде заокружен на крајот на јули оваа година.