Американскиот бренд Forever 21 влегува во Бугарија

144

forever 21

Американскиот моден бренд Forever 21 ќе ја отвори својата прва продавница во Источна Европа, и тоа во Бугарија, во Софија, пишува Дневник.бг.

Продавницата во Софија ќе биде на површина од 1.000 метри квадратни, во којашто ќе се нудат повеќе брендови на облека и чевли.

Forever 21 е еден од најголемите специјализирани трговски синџири во САД, со продавници што нудат таканаречена брза мода, чија цел е да се обезбедат најновите модни трендови за мажи и жени на сите возрасти.

Компанијата е основана во Лос Анџелес во 1984 година, а во овој момент има над 750 продавници во 47 земји во светот. Брендот е присутен во САД, Канада, Кина, Хонг Конг, Индија, Израел, Јапонија, Кореја, Мексико, Филипините и во Велика Британија.