Американскиот долар ослабе, еврото закрепна

59

Американскиот долар и јенот денеска се на надолна траекторија во азиската трговија, еврото закрепна по остриот пад во средата, а австралискиот и новозеландскиот долар скокнаа поради знаците за олеснување на корона локдаунот во Шангај.

Сепак, расположението на инвеститорите на берзите сè уште е кревко поради глобалната продажба на акциите.
Според Ројтерс, Шангај ќе им дозволи на голем број компании во некои делови на градот да продолжат со нормалното работење од почетокот на јуни, што даде надеж дека неделите на ригидни ограничувања наметнати од владината политика за нулта Ковид-19 ќе завршат.